Ние сме лудаци!

Мерсел Биљали

Промената е болна, но ништо не е толку болно како да останете трајно заглавени“ – вели Георг Ц. Лихтенберг германски физичар, сатиричар и писател. Цело време продолжуваме да се храниме со празна лажичка. Вечни конформисти, а во домовите на конформистите се множат само празните соништа!
Мерсел Биљали
Со години, една жена му се молела на богот Брама за богатство. По долго време, таа слушнала глас од небото: „За да се збогатиш, оди во црвената пештера“. Жена со мало дете по три дена стасала во пештерата. Што да види! Огромно богатство, злато, дијаманти и разни скапоцени камења. Веднаш почнала да полни вреќи. По кратко време, се слушнал небесен глас: „Побрзај, пештерата ќе се затвори“. Жената занесена продолжи да полни. Гласот повторно: „Пештерата наскоро ќе се затвори“! Но, алчната жена, занесена од едни дијаманти продолжи да полни. Но, тој дијамантски сјај се претвори во темнина за неа кога видела дека нејзиното дете останало зад огромниот (не)подвижен камен што ја затворал пештерата! За исходот од оваа приказна подолу.
Црногорската економија расте силно со стапка од 3,8 проценти раст во вториот квартал од 2026 година. Tоа е една од највисоките стапки на економски раст во EУ. Унијата има раст од 1,2 проценти, (еврозоната 1 процент), а Црна Гора влегува во период на силен економски развој. Зголемени инвестиции, раст на вработеноста и висока отпорност кон глобалните предизвици. Движечките сили на црногорската економија се десетици моќни компании, како што се „IDEA-CG“ со околу 2.500 вработени; „Voli Trade“ со 2.406 вработени; „CEDIS“ – со 1.750 вработени; „HD Laković“ – со 1.724 вработени; „Domaća trgovina“ – со 1.440 итн. И туризмот продолжува да дава силен придонес. Над 10 милиони ноќевања, и бројот на туристи е зголемен за 8,4 проценти, објави нивното министерство за финансии.
Овие резултати претставуваат силна потврда за економскиот курс на владата што подразбира повеќе инвестиции, силна економска активност, раст на вработеноста и подобар животен стандард за граѓаните. Растот од 3,8% не е само добар резултат, туку е силен импулс за она што доаѓа. Нивната економија покажува дека има потенцијал да расте побрзо, да привлекува нови инвестиции, да создава нови работни места и да ги користи можностите што се отвораат.
Албанија – економски „бум“?!
Албанија доживува период на силен раст и економска трансформација, но терминот „економски бум“ треба да се користи внимателно бидејќи иако податоците покажуваат стабилно растечка економија, сепак не се работи за голема експлозија на БДП. Во годините по пандемијата, реалниот раст во просек изнесуваше околу 4,3%, што е зголемување над прогнозите на ММФ, кои проектираа раст од 3,5% за 2025 година и 3,6% за 2026 година. Економијата на Албанија бележи стабилен раст, поддржан главно од услужниот сектор, туризмот и градежништвото. Туризмот стана еден од главните столбови на растот, со околу 12,4 милиони странски туристи кои ја посетија земјата во 2025 година, носејќи рекордни износи на приходи. Бројот на посетители сместени во туристички објекти се зголеми за цели 17% во јуни 2026 година во споредба со јуни 2025 година. Ефектот на туризмот не е ограничен само на хотелите, туку се шири на – транспорт, трговија, градежништво, ресторани, посебни услуги, недвижности, вработување итн. Светската банка забележува дека растот е поддржан особено од туризмот, услугите и градежништвото. Тоа создава циклус на меѓусебни врски – нови вработувањеа, повисоки плати, поголема потрошувачка, повеќе продажба и услуги, повеќе инвестиции. Се создава синџирен ефект: инвестиции во хотели, куќи, станови, одморалишта. Инфраструктура генерира побарувачка за материјали, работници, транспорт и услуги.
Пред два дена, во Тирана Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен изјави: „Албанската влада и Албанија напорно работеа за да ги постигнат европските стандарди. Албанија повторно постигна фантастичен напредок, го отворија последниот кластер, а во јули ги затворија првите три кластери. Ги уверувам Албанците: членството не само што ќе ја направи Албанија посилна, туку ќе ја направи и ЕУ посилна“, рече таа.
Во последниве години, Албанија привлече рекордни нивоа на странски директни инвестиции. Според УНКТАД, приливот на СДИ во просек изнесуваше 1,5 милијарди долари годишно во периодот 2021-2024 година, достигнувајќи 1,72 милијарди долари во 2024 година и 1,84 милијарди долари во 2025 година. Главните сектори што привлекуваат инвестиции вклучуваат – недвижности (34 проценти); финансиски услуги (18 проценти); екстрактивна индустрија (11 проценти); трговија на големо/мало (10 проценти). Најголемите извори на прилив на странски директни инвестиции минатата година беа од: Холандија, Италија, Турција, Косово, Австрија итн.
Се случува ли економски „бум“ во Албанија? Ако под „бум“ подразбираме брза трансформација на економската структура, тогаш Албанија има некои карактеристики на бум: проширување на туризмот, градежништво, инвестиции, зголемување на платите, потрошувачка, странски капитал, европска интеграција. Но, ако „бум“ значи двоцифрен раст на БДП, одговорот е не. Реалниот раст на БДП беше 3,8% во четвртиот квартал од 2025 година и 3,71% во првиот квартал од 2026 година.
ЕУЛЕКС – лек за Косово!
ЕУЛЕКС, направи одлично законодавство на Косово. Сега политичките манипулации се ограничени. Сепак, владата на Курти пренаменува 102 милиони евра за 13-та плата, на денот кога беа објавени наодите од набљудувачите од Советот на Европа за користењето на буџетот за гласови од страна на Курти.
ЕУЛЕКС вели дека косовската влада не запира само на насочување на својот буџет кон прашања што носат изборни придобивки. На денот кога беше објавен извештајот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, во кој се утврди дека извршната власт злоупотребила државни ресурси за време на изборниот период, владата на Курти остана со наведната глава.
Договорот за слободна трговија меѓу Косово и земјите од ЕФТА – Швајцарија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, стапи на сила на 1 октомври 2026 година. Тоа значи отстранување на царинските тарифи за косовските производи во тие три земји. Договорот отвора можности за зголемен извоз и проширување на производите од Косово на пазар со над 15 милиони потрошувачи. Швајцарија претставува посебен потенцијал, поради нејзините силни врски со Косово, вклучувајќи ги дознаките, инвестициите и присуството на косовската дијаспора. Покрај трговијата со стоки, договорот создава и можности за извоз на услуги, особено во информациски и комуникациски технологии, градежништвото и професионалните услуги. Косово лани извезе стоки во земјите од ЕФТА во вредност од над 100,4 милиони евра, додека увозот изнесуваше околу 53 милиони евра. Косовската стопанска комора ги охрабрува косовските бизниси да ја искористат оваа можност за проширување на извозот со нови стандарди и нови партнерства на пазарите на ЕФТА.
Албанија беше водечка во регионот во однос на економскиот раст во првиот квартал од оваа година. Албанија и Косово доживеаа малку повисок раст од другите трговски партнери во регионот, како што се Србија, Северна Македонија или Грција. Иако економијата на Србија е многу поразвиена од онаа на Албанија или Косово, во однос на стапката на раст, таа падна на 2%, од 3,3% во последниот квартал од минатата година. Ова забавување на српската економија дојде како резултат на слабите инвестициски перформанси и политичката клима во земјата.
Иако инфлацијата во Косово достигна 3,6% како резултат на зголемувањето на цените на електричната енергија и храната, регулативите на ЕУЛЕКС им овозможија на десетици компании да работат на европско ниво. Курти, сè уште го отфрла американскиот течен природен гас, но сепак добрите европски регулативи овозможија на десетици косовски компании да работат успешно дома и низ Европа. Компанијата „Viva Fresh Store“ повеќе не е само голем синџир на супермаркети во Косово, туку станува моќна регионална групација и се приближува до промет од една милијарда евра. Компаијата „Frutex” е шампион во производството во Косово, но сега има големи инвестиции и во Германија како логистичка база за дистрибуција низ цела Европа. Нејзиниот производ „Goleden Igl Energy Drink“ повеќе не е само косовски бренд, туку и глобален.
Компанијата „SPEEEX“ започна поинаков тренд, за разлика од она што вообичаено се прави, да продава свои производи на Швајцарец или Германец. „SPEEEX“ го прави спротивното: купи мнозински удел во три швајцарски компании, и како што велат, Швајцарија ги зема нашите фудбалери, а ние ќе ги земеме нивните компании!
Групацијата CDI зад „Interex“, „IP Petrol“, „American Retail Park“, а сега и „Shell Kosova“, гради многу моќен екосистем. Според медиумските извештаи, „Shell Kosova“ е купена за околу 60 милиони евра. Исто така, постојат извештаи за проширување во Северна Македонија со купување на малопродажната мрежа „Tinex“. Доколку продолжи со ова темпо, CDI би можел да стане моќна регионална група. Личи на „King“ на Retail-ot во регионот.
„Ние сме лудаци“!
„Ние сме лудаци“ – позната реченица од еден министер на Груевски. Имаме идеални услови за современо земјоделство, а никој не мрдне со прст. Скапо им плаќаме на бројни компании да инвестираат во нашите „слободни зони“, а од нив добиваме само трошки. По истекот на рокот, тие си заминуваат со многу пари. Ако тие пари ги користевме за поддршка на внатрешни субјекти врз основа на строги критериуми, развојот немаше да изостане. „Johnson Controls” зграпчи стотици милиони евра десетина години и си замина. Други продолжуваат со истите методи, а од тоа немаме никаква голема корист. Ние сме едноставно лудаци, но некои од врвот не се. Тие знаат што прават. Нивните вреќи со богатство се полнат, а пештерата е секогаш отворена. Ние сме едноставно лудаци, но некои од врвот не се. Да беа користени тие средства за развој на земјоделието, енергетиката, руралниот туризам, сега државата ќе ни беше втора Холандија, која има само 50 сончеви денови, а 120 милјарди евра извоз од земјоделство. Башка руралниот туризам. Но, ние продолжуваме да се храниме со празна лажичка. Остануваме конформисти, а во домовите на конформистите се множат само празните соништа. Народ што избира корумпирани тој не е жртва, туку соучесник во сопствената пропаст.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close