Арагчи: На секоја нова воена акција Иран ќе одговори посилно од претходно

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска предупреди дека секоја нова воена акција против Иран ќе наиде на посилен одговор од претходно, нагласувајќи дека Техеран останува подготвен за дипломатско решение за завршување на војната со САД.

Обраќајќи се пред амбасадорите и претставниците на земјите и меѓународните организации во Техеран, Арагчи рече дека иранската делегација презентирала седумдневен предлог за решавање на постојните спорови за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, објави иранска новинска агенција.

Тој изјави дека, според предлогот, Ормуската теснина ќе биде повторно отворен во рок од седум дена доколку планот биде прифатен, додавајќи дека иницијативата, според Техеран, ја покажува посветеноста на Иран на дипломатијата и наоѓањето решение.

„Доколку бараат дипломатија, ние сè уште сме подготвени да постигнеме чесно решение за завршување на војната“, рече Арагчи.

Тој додаде дека иранските дипломати ги презентирале ставовите на Техеран на Генералното собрание на ОН и ги објасниле условите за повторно отворање на Ормуската теснина.

Back to top button
Close