Кочанчанец физички нападнал продавач со тврд предмет, зашто овој му рекол да носи маска

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против триесет и двегодишниот В.Ѓ од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 28 април годинава, пријавениот влегол во маркет каде од вработената му било укажано дека треба да носи заштитна маска.

Тој почнал да ѝ упатува закани, а кога другиот вработен В.С. му рекол да го напушти маркетот, В.Ѓ. физички го нападнал, користејќи и тврд предмет.

Back to top button
Close