Коциќ: Мерките дадоа резултат, вакцинацијата тече во најдобар ред

Преземените мерки дадоа резултат, има сериозен тренд на драстично намалување на заболени од коронавирус, се празнат ковид центрите, вакцинацијата е со засилен тек.

Масовната имунизација на населението се одвива непречено и во најдобар ред на сите пунктови, ширум државата.

Следува и отворање на нови пунктови. Се е подготтвено и за неколку дена се отвора и пункт во Велес.

Според информациите од надлежните, досега се аплицирани речиси 250.000 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.505 граѓани.

Бројот на граѓани кои се пријавиле за вакцинација преку платформата vakcinacija.mk е околу 400.330 граѓани.

Во оваа прилика сакам да изразам неизмерна благодарност до здравствените работници кои во текот на целиот овој период посветено и неуморно работеа и го издржаа притисокот со кој беа соочени.

Благодарност до нив и за се она што во овој момент го преземаат за вакцинацијата да тече добро и што повеќе граѓаните да бидат вакцинирани.

Вакцината е најдобриот начин да го победиме коронавирусот, конечно да ставиме крај на пандемијата.

Затоа апелираме секој граѓанин да се пријави за имунизација, да се вакцинира во потврдениот термин и на тој начин да се заштити себе и блиските од коронавирусот.

СДСМ како одговорна партија продолжува да креира и реализира мерки и политики кои го штитат јавното здравје и го унапредуваат здравствениот систем во државата.

 

Back to top button
Close