Kога беше направена оваа фотографија не ги сакав своите деца
Во периодот кога беше направена оваа фотографија не ги сакав моите деца. Всушност, им бев лута што воопшто постојат. Каиден имаше 17 месеци, а Клои само еден месец, и јас не сакав да им бидам мајка.
Не сакав да им ги менувам пелените, да ги хранам, и само фантазирав како ги оставам во кревет, ја напуштам станот и никогаш не се враќам.
Сериозна сум.
Знам дека некои од вас ќе останат со подотворена уста од шок, а некои ќе помислат со гадење: „Како може некој да не ги сака своите деца?“
Знам, страшно е — токму затоа ми требаше толку долго време да го признаам тоа некому.
Молчев и ги потиснував тие мисли. Се смеев на фотографиите и глумев восхит кога некој ги фалеше.
Плачев многу — всушност, плачев речиси секој ден.
Се прашував дали сум психички здрава и постојано се прекорував себеси дека сум „таква ужасна личност“.
Врескав, се криев, ги оставив да плачат, си ја влечев косата. Не ги сакав повеќе. Не ги сакав.
Маж ми не знаеше ништо. Често беше отсутен поради работа. Не можев да му кажам — се плашев дека ќе зажали што има деца со мене. Бев целосно сама.
Еден ден решив да не ги вадам од кревет. Ќе останат таму, нека плачат, нека се извалкаат.
Навистина не ми беше гајле. Не можев да ми биде. Се обидував да се грижам. НЕ МОЖЕВ.
Наместо тоа, се јавив во ординацијата на мојот доктор.
Штом мојата омилена медицинска сестра на рецепција пдгпвпри на повикот, избувнав во плачење. Ѝ реков:
„Не сакам повеќе да бидам мајка“, а таа само рече:
„Дојди веднаш.“
И отидов.
Докторот зборуваше со мене за постпородилна депресија како да го водел тој разговор илјада пати претходно.
Се испостави дека навистина го водел.
Се испостави дека сум една од МИЛИОНИ жени кои минуваат низ истото во тој момент. Не бев луда.
Нешто не беше во ред со хемијата во мојот мозок. Нешто што не можев сама да го поправам.
Јас и мојот доктор тоа го направивме заедно.
Моите деца сега имаат 4 и 6 години, и ги сакам и ги обожавам толку многу што физички ме боли срцето кога мислам на нив.
Би го дала својот живот за нив, без никакво двоумење.
Тоа што побарав помош беше најголемиот подарок што некогаш сум им го дала како нивна мајка.
Ако нешто од ова ти звучи познато — само сакам да знаеш:
НЕ СИ САМА.
Не си луда.
И не мора да биде вака.
Кажи некому.
Кажи некому ДЕНЕС.
Ќе биде подобро. ❤️
~ Тифани Џенкинс, авторка на @jugglingthejenkins