“Koга веќе тргате на кралот, мора да го убиете” Морничаво сценарио за иднината на водачот на Вагнер

Американски воен експерт рече дека прекинатиот бунт на шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин во саботата може да заврши со неговата смрт.

„Што се однесува до Пригожин, тој ќе мора да размисли за познатото предупредување на Ралф Валдо Емерсон: „Кога удираш по кралот, мора да го убиеш“, рече Вилијам Ф. Векслер, виш директор на Центарот Рафик Харири и програмата за Блискиот Исток.

“Можеби засега би требало да се држи подалеку од прозорците на горниот кат, бидејќи во последниве години противниците на Путин имаат тенденција да бидат особено несмасни во врска со нив“ додаде тој.

Пригожин ја предводеше својата платеничка група на пуч во саботата, само за да ја смири откако се приближи до Москва. Бунтот беше нагло прекинат откако Пригожин склучи договор со Кремљ.

Back to top button
Close