Колку минути цигарите навистина го скратуваат животот?

Пушачите добија уште една причина да се откажат од својата навика во Новата година, бидејќи најново истражување спроведено во Велика Британија покажа дека мажите губат 17 минути од животот со секоја испушена цигара, а жените – 22 минути.

Ова е повеќе од претходните проценки коишто посочуваат дека секоја цигара го скратува животот на пушачот за 11 минути. Проценките на стручњаци укажуваат дека секоја цигара во просек води до 20 минути загуба на живот кај двата пола, и се засновани на најновите податоци од долгорочни испитувања. Истражувањето е нарачано од британското Министерство за здравје и благосостојба.

Имено, истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон велат дека штетата предизвикана од пушењето е „кумулативна“ и колку побрзо лицето престане да пуши, толку подолго живее.

Доколку пушач кој пуши 10 цигари дневно, се откаже од 1. до 8 јануари, би можел „да спречат губиток на цел ден од животот“, според наводите.

 

Авторите додаваат: Пушачите обично губат приближно ист број здрави години од вкупниот број години во животот. Тоа значи дека 60-годишен пушач обично има здравствен профил на 70-годишен непушач.

Написот, којшто целосно ќе биде објавен во „Журнал оф адикшн“ (Journal of Addiction), заклучува дека „колку што побрзо пушачите се симнат од овој ескалатор на смртта, толку подолго и поздраво ќе можат да очекуваат да живеат“.

Back to top button
Close