Комбе со работници излета од мост на експресниот пат Штип-Радовиш, има и жртви

Комбе кое превезувало работници утринава излетало од мостот на Балатилиска Река на експресниот пат Штип-Радовиш. Според првичните информации има починати и повредени лица.

Во моментов на терен се две возила на Итната медицинска помош, тим од пожарникарите на ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип. Во текот на денот се очекуваат детали за оваа тешка сообраќајна.

Фото:  МИА

Back to top button
Close