Комичарот Енди Дик пронајден во несвест, се сомнева на предозирање

Американскиот комичар Енди Дик потврди дека е во добра состојба по појавата на интернет на видеозапис кој ги загрижи неговите обожаватели. На снимката се гледа 59-годишниот Дик како неподвижно лежи на скалите во Холивуд, објави 4NEWS.mk

Драма на улиците на Холивуд

Снимката, која стана вирална, првично ја објави порталот TMZ. Според сведочењата на очевидци, пријателите на Дик трчале до него обидувајќи се да го оживеат, викајќи му да се разбуди и повикувајќи итна помош. На снимката се слуша и како едно лице бара Narcan – лек кој може да спаси личност од предозирање со хероин, фентанил или други опиоиди. Се чини дека лекот бил применет на лице место.

Back to top button
Close