Комплетирани полуфиналните дуели на Светското фудбалско клупско првенство

Најтрофејниот африкански фудбалски клуб Ал Ахли е последниот учесник во полуфиналето на Светското клупско првенство, приклучувајќи им се во завршницата на турнирот во Мароко на Реал Мадрид, Фламенго и Ал Хилал.

Во четвртфиналето синоќа во Тангер фудбалерите на египетски Ал Ахли со минимални 1-0 го совлада првакот на Северна Америка, Сиетл, а стрелец на победоносниот гол беше Афша во 88 минута.

Ал Ахли во полуфиналето, в среда во Рабат, ќе игра против европскиот првак Реал.

Во првото полуфинале, ден порано, ќе играат бразилскиот шампион Фламенго и Ал Хилал од Саудиска Арабија.

Јужноамериканскиот шампион директно се пласираше во полуфиналето, додека Ал Хилал вчера го совлада првакот на Африка, Видад од Казабланка, по подобро изведување пенали

Back to top button
Close