Комплетирано 28. коло во Првата македонска фудбалска лига
Со одигрување на три средби попладнево се комплетира 28. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Неделните натпревари завршија со следниве резултати:
Брегалница – Шкендија 0:0
Скопје – Тиквеш 1:2
Ренова – Академија Пандев 0:1.
Вчера се одиграа првите три средби:
Борец – Струга 2:0
Македонија ЃП – Работнички 1:0
Пелистер – Шкупи 0:1.
Табела: Шкупи 68 бодови, Академија Пандев 55, Шкендија 53, Македонија ЃП 53, Брегалница 39, Ренова 38, Работнички 37, Струга 36, Тиквеш 27, Скопје 26, Борец 18, Пелистер 10.