Комплетно коло попладнево во ПМФЛ

 Шест натпревари се на програмата попладнево во рамки на 27 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), во кое дербито се игра во Скопје меѓу Македонија ЃП и Брегалница.

Лидерот Шкупи го пречекува Борец на домашен терен, додека второпласираната Шкендија во соседското дерби е домаќин на Ренова.

ПМФЛ-27 коло: Работнички – Тиквеш (14 часот), Академија Пандев – Пелистер (16 ч), Македонија ЃП – Брегалница (16 ч), Шкендија – Ренова (16 ч), Шкупи – Борец (16 ч), Струга – Скопје (16 ч).

Табела: Шкупи 62, Шкендија 51, Македонија ЃП 49 Академија Пандев 49, Ренова 37, Брегалница 37, Работнички 34, Струга 33, Скопје 26, Тиквеш 24, Борец 15, Пелистер 10. е

Back to top button
Close