Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија

Теренот на кој ќе биде поставена ковид модуларната болница во Гевгелија е подготвен, кон крајот на оваа недела се очекува да почне изведбата на болницата, велат од министерството за здравство.

Целосно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата, довод, одвод до канализациска мрежа, подземен кабел за струја. Ковид центарот во Гевгелија ќе биде со површина од 400 квадратни метри со посебен влез за персоналот.

Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за рендген, ЕХО преглед на пациенти и одредување терапија.

Во последниот сегмент ќе има соба за изолација и стационар за хоспитален третман до максимум 15 пациенти.

Back to top button
Close