Судот во Москва одреди двомесечен притвор на продуцент на Ројтерс

Судот во Басман во Москва му одреди двомесечен притвор на продуцентот на новинската агенција Ројтерс, Константин Габов, соопшти прес-службата на судовите во главниот град.

„Судот определи мерка превенција во вид на притвор во траење од два месеци, односно до 27 јуни 2024 година. Продуцентот на новинската агенција Ројтерс беше обвинет за сторено кривично дело според дел 2 од член 282.1 од Кривичниот законик на Руската Федерација „Учество во екстремистичка организација“, се вели во судскиот документ објавен на Телеграм.

Габов е осомничен дека учествувал во подготовка на фото и видео материјал за објавување на Јутјуб каналот НавалниЛајв, сопственост на Фондацијата за борба против корупцијата (ФБК).

Фондација е ставена на списокот на странски агенти и екстремистички организации, чии активности се забранети во Русија

Back to top button
Close