Конечни резултати од изборите во Израел: Победа на Нетанјаху

epa10280657 Former Israeli prime minister and leader of the Likud party Benjamin Netanyahu speaks as he react to TV election results models at the Likud party final election event in Jerusalem, Israel, 01 November 2022. EPA-EFE/ABIR SULTAN
Поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху победи на парламентарните избори што се одржаа завчера, покажаа конечните резултати од гласањето објавени вечерва.

Ова го отвори патот за Нетанјаху да се врати на власт, кој најдолго беше премиер во историјата на Израел, 12 последователни и вкупно 15 години.

Израелскиот премиер во заминување Јаир Лапид го призна поразот од поранешниот премиер Нетанјаху, соопшти денеска неговиот кабинет.

Во соопштението се вели дека Лапид му честитал на Нетанјаху за неговата победа и му наложил на неговиот кабинет да подготви организиран трансфер на власта.

– Државата Израел е пред какви било политички размислувања … Му посакувам успех на Нетанјаху, за доброто на народот на Израел и државата Израел, рече Лапид.

Шефот на привремената влада на Израел во изминатите четири месеци му честиташе на Нетанјаху за неговата победа пред објавувањето на конечните резултати кои покажаа дека Нетанјаху обезбедил парламентарно мнозинство со верски и ултра-националистички сојузници.

Се очекува тој да ја формира најдесничарската влада во историјата на Израел кога ќе ја преземе власта во наредните недели.

Петтите избори во Израел за помалку од четири години се одржаа во време на политичка криза и се сметаа за референдум за способноста на Нетанјаху да владее додека му се суди за корупција.

Врз основа на конечните резултати, кои формално ќе бидат потврдени во наредните денови, Нетанјаху и неговите ултранационалистички и ултраортодоксни еврејски сојузници обезбедија 64 места во израелскиот парламент (Кнесет).

Неговите противници од претходната коалиција предводена од Лапид освоија 51 место, а преостанатите пратенички места ги држи мала арапска партија.

Победата на Нетанјаху и неговото стабилно мнозинство засега ставаат крај на политичката нестабилност, но го остава Израел поделен околу раководството на земјата и вредностите што го дефинираат, без разлика дали е еврејско или демократско или и двете, пренесува Бета.

Се очекува главен партнер на Нетанјаху да биде крајнодесничарската партија Верски ционизам, чиј главен кандидат е Итамар Бен-Гвир, следбеник на расистички антиарапски рабин.

Бен-Гвир сака да стави крај на палестинската автономија во делови од Западниот Брег и да донесе закон кој ќе го поништи судењето на Нетанјаху и ќе ја ослаби независноста на судството.

Тој претендира да биде министер за полиција, а лидерот на партијата Верски ционизам, Безалел Смотрич, министер за одбрана

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close