Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
Специјалниот координатор на ОН за Блискиот Исток, Тор Венесланд, денеска објави дека продолжуваат „немилосрдните израелски напади“ во Газа, каде што нема безбедно место за цивили и дека се случува „кошмарот на таа палестинска територија се засилува“.
Венесланд, исто така, предупреди на влошување на хуманитарната криза поради конфликтот во северниот дел на Газа.
Тој изјави дека во израелските воздушни напади синоќа во Беит Лахија загинале десетици луѓе.
На ова му претходеа засилени воени операции во кои имаше десетици цивилни жртви, со речиси целосен недостиг на хуманитарна помош за жителите на северот.
Претставникот ги осуди континуираните напади врз цивили, пренесоа агенциите.
-Оваа војна мора да заврши, заложниците што ги држи Хамас мора да се ослободат, раселувањето на Палестинците мора да престане и цивилите мора да бидат заштитени каде и да се наоѓаат. Хуманитарната помош мора да се доставува непречено, се вели во изјавата на координаторот на ОН за Блискиот Исток.
Министерството за здравство во Газа денеска соопшти дека 87 лица загинале или исчезнале под урнатините, а 40 се ранети по нападот на Беит Лахиа на северот на Појасот Газа.
Израелската војска соопшти дека ги проверува извештаите.