Корпа од Мицкоски за Пендаровски. На Илинден ќе држел говор во Ташмаруништа

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема да го слави Илинден на Мечкин Камен во Крушево, иако е поканет од шефот на државата, Стево Пендаровски. Од прес-службата на партијата велат дека како и минатата година, доследно на традицијата, Мицкоски ќе биде во струшкото село Ташмаруништа, каде ќе се обрати пред присутните. Засега нема информација дали делегација од ВМРО-ДПМНЕ ќе има во Крушево, пренесе А1он.мк

Ниту собранискиот спикер, Талат Џафери нема да оди да го чествува Илинден на Мечкин Камен на 2 Август, поради како што вели, приватни обврски.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за првпат ќе го чествува Илинден на 2 Август на Мечкин Камен. Според Пендаровски, тој и премиерот Зоран Заев го потврдиле присуството.

Back to top button
Close