Кошаркарите на Милвоки на 8 ноември на прием во Белата куќа

 Актуелните шампиони во НБА лигата, кошаркарите на Милвоки, на 8 ноември ќе бидат примени од претседателот Џозеф Бајден во Белата куќа.

Милвоки, кој во мај ја освои втората титула во клупската историја, точно 50 години по првиот шампионски прстен, ќе бидат примени во Белата куќа ден по натпреварот против Вашингтон, а веќе следниот ден ги очекува гостување кај Филаделфија.

Американските медиуми пренесуваат дека Милвоки ќе бидат први НБА шампиони, кои ќе ја посетат Белата куќа по 2016 година, кога екипата на Кливленд беше на прием кај тогашниот претседател Барак Обама.

Голден Стејт (2017, 2018) и Торонто (2019) одлучија да не ја посетат Белата куќа во мандатот на Доналд Трамп, додека шампионите од 2020, Лос Анџелес лејкерс, не можеа да бидат примени од претходникот на Бајден поради рестрикциите поврзани со пандемијата на коронавирус

Back to top button
Close