Кошаркарките на Баскет кам на чекор до одбрана на титулата
Кошаркарките на Баскет кам се на чекор до одбрана на титулата, откако триумфираа синоќа над Крива паланка со 87-74 и поведоа со 2-0 во финалната серија до три победи.
До вториот триумф Баскет кам го предводеше Ивана Кметовска, која реализираше 33. поени. Адамовска додаде 19, а двоцифрен ефект имаа и Максимовска (17 поени) и Димова (14).
Робинсон со 26. поени и Меклејни со 20 поени беа најефикасни кошаркарки во редовите на Крива Паланка.
Третиот натпревар од финалната серија ќе се игра на теренот на Крива Паланка.