Косово го забрани влезот на патници од Индија, Бразил и Јужна Африка

Владата на Косово денеска донесе одлука со која, поради опасноста од ширење на заразата на Ковид-19, им се забранува влез во земјата на лицата кои доаѓаат од Индија, Бразил и Јужна Африка, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според владината одлука, косовските државјани кои доаѓаат од споменатите земји се должни да одат во 14-дневен карантин, со обврска за тестирање два пати неделно.

Граѓаните на Косово кои ќе транзитираат по пристигнувањето од тие земји немаат потреба да одат во карантин.

Back to top button
Close