(Видео) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата опструираат и блокираат сè што е во интерес на граѓаните

Околу 23 часот синоќа, Собранието ја прекина седницата, по тензичната атмосфера која се создаде, а продолжението на расправата е закажано за денеска во 11 часот.

-ВМРО-ДПМНЕ дејствува како банда без команда, од една страна е Христијан Мицкоски кој е надвор од Собрание, од друга страна го имаме Антонио Милошоски, од трета страна го имаме Ѓорѓија Сајковски кој е на линијата на Мицкоски, од четврта страна е Игор Јанушев, кој е разрешен генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“, вели пратеникот на СДСМ Коста Костадинов, во изјава за „Утрински брифинг“, во врска со вчерашната седница која пратениците од опозицијата ја блокираа со свирежи и навреди при дискусија за Законот за инвалидски организации.

Костадинов оцени дека вчерашната реакција на опозициската партија во Собранието е резултат на немање координација.

Во контекст на блокадата на работата на Собранието, Костадинов посочува дека не е само вчерашниот ден и обидот за блокада, туку дека ВМРО-ДПМНЕ и досега блокирал низа важни закони – Законот за административни работници, Законот за работни односи, Законот за внатрешни работи, Законот за здравствена заштита.

-Блокираа заем од Светска Банка од 90 милиони долари, кој во најголема мерка беше наменет за здравствените установи и здравствените работници, го блокираа Деловникот, измените, со кои се предвидува пратениците кои се позитивни или имаат решенија за изолација да можат онлајн да присуствуваат на седниците, што го прави целиот развиен свет. истакна Костадинов.

Нешто после 23 часот синоќа, Собранието ја прекина седницата, по тензичната атмосфера која се создаде, а продолжението на расправата е закажано за денеска во 11 часот. Пратениците треба да ја продолжат расправата по измените на Законот за инвалидски организации, за која се пријавени уште 13 говорници.

На прес-конференција половина час пред полноќ, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски ја обвини власта дека се обидува на шверцерски начин да носи закони, откако опозициските пратеници реагираа околу терминот на вечерашното продолжение на 19 седница.

Back to top button
Close