Костовски: Хари Костов и Комерцијална банка ја одиграа најподлата улога во стечајот на Еуростандард


Вистината за Еуростандард банка системот сеуште ја крие преку јавносто обвинителство. Шест години истрагата е незавршена. Јас сум под истрага. Ништо не е завршено, вели Трифун Костовски во гостувањето во поткастот „Претрес со Ландов“.

Костовски вели дека истрагата не е завршена.

„Ние секој ден очекуваме дека треба да биде завршена.За шест години водење истрга против мене, само два пати сум викнат на сослушување. Ја барам правдата. Барам обвинителство да донесе било каква одлука за да испаднам на суд, за ти и целата јавност ќе знае точно што точно се случило“, вели Костовски.

Тој додава дека нема да прифати судска одлука ако е лага.

„Со сила да ме тужи некој, е тогаш веќе ќе станам како животно. Ќе реагирам на различни начини, ќе ја тужам мојата Македонија надвор. Пет и пол години целиот имот ми е замрзнат. Имам одредени приходи и имоти кои морав да ги отуѓам надвор од Македонија, со цел да можам да ја водам оваа борба. Не сакам никој да ме жали. Нека ми земат се ама достоинството не го давам по ниедна цена. Моето име да згасне да биде ставено на отстрел ради некои лични ниски интереси, кои не можам да ги споменам бидејќи тоа може да предизвика и некои спорови“, изјави Костовски.

На прашањето дали алудира на Хари Костов тој одговори:

„Не алудирам, туку тоа е тој, и неговата банка. Комерцијална банка одигра најниска, најподла улога во стечајот со Еуростандард банка“, вели Костовски.

Back to top button
Close