Kостовски- Освоените трофеи од поранешниот Кометал ги пренесовме на женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров

 

СООПШТЕНИЕ
Почитувани љубители на спортот, ракометот и особено на женскиот ракомет.
На 19 мај ја чествуваме освоената титула Европски првак во женскиот ракомет на Ракометниот клуб Кометал-Ѓорче Петров.
На оваа 20-годишнина имаме посебна мисија во интерес на женскиот ракомет во Македонија да ги пренесеме сите освоени трофеи и титули од поранешниот Кометал – Ѓорче Петров на денес многу амбициозниот женски ракометен клуб Ѓорче Петров ЖРК. Овој клуб ја заслужува сета поддршка со што се испраќа порака дека Ѓорче Петров и понатака живее во срцата на љубителите на овој прекрасен спорт.
Благодарам до раководството на Ракометната Федерација на Македонија што дозволи да ги пренесеме освоените титули и пехари на денешниот Ѓорче Петров ЖРК.
Порака до ракометарките: бидете лавици на терен, а дами во секојдневието.
Трифун Костовски

Back to top button
Close