Ковачевски ќе го менува директорот на затворите, Марјан Спасовски

Премиерот Димитар Ковачевски најави смена на директорот на Управата за извршување на санкции, Марјан Спасовски којашто е надлежна за сите затвори во земјава.

 

Не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при Министерството за правда и веќе почнав процес на селекција на нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски по бегството на затвореникот Беким Мемети за што на вработени од „Идризово“ им е определен притвор осомничени дека го овозможиле бегството, но и извештајите за корупција во затворите.

Промената на директорската функција во Управата, како што појасни, нема да биде на седница на Владата утре туку на некоја од наредните седници.

За затворот „Идризово“, рече Ковачевски, новиот директор е назначен пред неколку месеци, а претходниот бил сменет врз основа на консултации што ги имал со меѓународни институции во областа за управување затворски систем и на институции кои финансираат унапредување на затворски систем.

-Врз основа на тие консултации и разговори што ги имав тогаш направивме промена на директорот на затворот „Идризово“. Сега, врз основа на неколкуте пропусти што се направени, ќе имаме нов директор на Управата за извршување санкции, додаде Ковачевски.

Спасовски беше директор на затворот во Куманово, од каде во 2020 поднесе оставка, па беше именуван за директор на Управата. Во негово време излезгоа извештајите на Народниот правобранител дека условите во затворите не се подобрени, дека има корупција, но и извештајот од Хелсиншкиот комитет дека поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков имал клуч од својата келија во затворот во Струга.

 

Back to top button
Close