Ковачевски: Планот за раст ќе донесе шест милијарди евра за Западен Балкан

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на крајот на самитот за Западен Балкан што се одржува во Скопје ќе биде усвоена заедничка декларација.

Пред почетокот на самитот, премиерот пред новинарите изјави дека тема на разговор ќе биде Планот за раст на Западен Балкан.

„Планот за раст треба да донесе реформи и финансиски инструменти во износ од шест милијарди евра за земјите од Западен Балкан. Ќе разговараме и за заеднички активности во областа на трговијата и економијата. Потоа ќе имаме заедничка прес-конференција“, рече меѓу другото Ковачевски.

 

 

Back to top button
Close