Ковачевски: Референдумот што го предлага ВМРО-ДПМНЕ е нерелевантен, ги почнавме преговори за влез во ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска го повтори ставот дека најавениот референдум од страна на ВМРО-ДПМНЕ е за внатрешно – партиска употреба и дека оваа опозициска партија заедно со Левица се единствените две партии кои се против влез во ЕУ. Северна Македонија, потенцира тој, го започна патот за зачленување во ЕУ и ваков референдум е неревантен.

-Прво, Република Северна Македонија на референдум при осамостојувањето се изјасни дека сака независна држава членка на ЕУ и на НАТО. ВМРО – ДПМНЕ е партија која беше против членство во НАТО, сега заедно со нивниот нов коалиционен партнер Левице се единствените две партии кои се против членството во ЕУ и тоа јасно го покажаа при гласањето за предлогот на ЕУ во однос на отпочнувањето на преговорите со Република Северна Македонија. Меѓутоа доминантниот број на пратеници 68 што ги претставуваат граѓаните донесоа одлука Република Северна Македонија да ги отпочне преговорите. Тој референдум што го зборува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е единствено заради нивна внатрешно-политичка употреба бидејќи нема политичка партија освен неговиот партнер Левица која е против НАТО и ЕУ и е за сојуз Централно-азиски некаков со Русија, да е против ЕУ, рече Ковачевски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ треба идеолошки да расчисти кај себе дали сака да ја види државава во ЕУ или не. Пораката до опозициската партија на премиерот Ковачевски е дека Северна Македонија ги почна преговорте и тоа со чист македонски јазик, со заштитен идентите и потврдено не само од нас туку од претседателката на ЕК и од потпретседателот на ЕК.

– Оваа држава од денот на одржување на првата меѓувладина конференција го започна патот за зачленување во ЕУ. Од тој пат нема назад, нема ниту лево, а уште помалку десно односно кон истокот, така што сосема е нерелеватно барањето на ВМРО-ДПМНЕ за некаков референдум кое треба да биде изјаснување против зачленување во ЕУ, изјави Ковачевски, кој денеска беше во Тетово на отпочнување на кампањата за избори за членови на Советот на градот.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со денешната изјава на евроамбасадорот Дејвид Гир дека доколку не се смени Уставот преговарачкиот процес ќе запре, Ковачевски рече дека уставните измени се носат во Собранието на државата, потсетувајќи дека при зачленувањето во ЕУ државава ќе треба да направи голем број на законски измени и уставни измени, дури и при влегувањето во Унијата со цел дел од наделжностите кои се во моментов исклучиво на Северна Македонија да се предадат во ЕУ бидејќи влегуваме во Сојуз со други 27 држави, колку што се во моментов.

– Затоа пратениците коишто ги претствуваат граѓаните треба да бидат на ниво на својата задача и сите одлуки кои треба да се носат во однос на зачленувањето во ЕУ вклучително и закони и Уставни измени да ги носат во интерес на граѓаните. Ќе повторам уште еднаш највата за референдум е исклучиво за внатрешно-политички прашања во ВМРО-ДПМНЕ и за ништо друго, рече Ковачевски.

Back to top button
Close