Ковачевски – Шолц: Јасната одлука за почеток на преговорите за Северна Македонија е од стратешко значење за ЕУ
Премиерот Димитар Ковачевски и канцеларот на Сојузна Република Германија, Олаф Шолц во рамките на неговата официјална посета на нашата земја, имаа тет-а-тет средба на којашто разговараа за најважните прашања од приоритет за односите на двете земји, како и за теми од заеднички интерес поврзани со проширувањето на ЕУ, регионалната соработка и актуелната состојба со војната во Украина.
Како што соопшти владината прес-служба, н средбата беше заеднички констатирано дека односите и соработката меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија се базираат на многу интензивен политички дијалог и имаат значајна динамика на соработка во сите области.Двајцата соговорници споделија дека СР Германија останува еден од клучните политички партнери на Северна Македонија и значаен сојузник и поддржувач во процесот на европските интеграции на нашата земја, кој дополнително беше охрабруван и поттикнуван и низ повеќе регионални проекти, како Берлинскиот процес за исполнувањето на препораките на ЕУ и неопходните реформи од европската агенда.






