Креативно пишување во рамки на „Трамболини“

Во рамки на првиот фестивал на детска креативност „Трамболини“ во Скопје, во организација на Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје, во Ибни Пајко паркот се одржаа и работилници за креативно пишување.

-Целта на работилниците беше да ги поттикне младите кои се заинтересирани за пишување дa се насочат во соодветната насока преку која ќе го изградат својот стил. Учесниците беа вклучени во интерактивно предавање, дискусија, читања и вежби кои ќе им помогнат во тоа. Акцентот беше ставен на пишувањето и секој учесник имаше можност да напише свој текст, кој е во подготовка за објавување, информира Детскиот културен центар „Карпош“.

Работилниците, како што се наведува во соопштението, беа водени од едукаторот Ивана Јакимовска чија задача беше да го претстави креативниот процес кој стои зад пишаниотзбор.

Ова е прв фестивал од ваков тип во земјава и беше отворен на 21 август годиава. Како што соопшти организаторот, на работилниците за креативно пишување беа применети сите превентивни мерки за заштита од коронависрусот.

Back to top button
Close