Крешник Бектеши се огласи на „Фејсбук“ од куќен притвор
Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши, за првпат откако е обвинет во предметот за пожарот, но и откако излезе од притвор, објави статус на социјалната мрежа „Фејсбук“. Тој е во куќен притвор, а напиша само два збора.
Октомври = референдум“, пишува во статусот, кој се толкува како политичка порака за мобилизација.
Во октомври, се очекува да се одржат локалните избори. Оваа објава веројатно е најава за мобилизација на албанското гласачко тело.