Крим е дел од историјата на Русија, Украина нема што да бара во НАТО, тврди Шредер!
Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во интервју за „Велт“ зборуваше за украинската криза и потенцијалниот мировен план и во таа прилика рече дека Крим е дел од руската историја.
– Крим. Од кога Крим е руски? За Русија, Крим не е само регион, тој е дел од нејзината историја, рече тој.
Покрај тоа, Шредер рече дека Украина не треба да се залага за членство во НАТО бидејќи Киев не е во состојба да ги исполни потребните услови.
Исто така, екс германскиот канцелар изјави дека режимот во Киев треба да ја укине забраната за двојазичност во земјата.
– На Украина и се потребни безбедносни гаранции, а тие треба да бидат обезбедени од Советот за безбедност на ОН и Германија – додаде тој.
Шредер е критикуван во Германија бидејќи и по почетокот на специјалната операција на руската армија во Украина, тој продолжи да одржува контакти со Русија.
Нему му беа одземени и дел од привилегиите што му припаѓаат како поранешен канцелар, а имаше и обиди да биде исклучен од Социјалдемократската партија.