Крис Павловски му донел на Мицковски милијардер од Италија -трговец со крипто валути. се пофали премиерот
Денеска на гости кај премиерот Христијан Мицкоски бил бизнисменот Џанкарло Девасини кој според анализата на Forbs од Април е тежок над 22 милијарди долари
.Во кабинетот на премиерт бизнисменот од Торини го донел Крис Павловски Американски милијардер со македонско потекло коој вчера преку мрежата Х најави дека штотуку стапнал на тлото на земјата на Александар Велики.
Џанкарло Девасини (роден 1964 година во Торино) е италијански бизнисмен и лекар. Тој е главен финансиски директор на Bitfinex, берза за криптовалути, и коосновач на Tether (стабилна валута). Според извештаите, тој поседува 47 проценти од акциите во Tether, поради што неговата нето вредност беше проценета на 22,4 милијарди американски долари од страна на Forbes во април 2025 година.
Преку компанијата Tether се врши трговија со криптовалути низ цел свет од што оваа фирма заработува од секоја трансакција.
Девасини во Скопје дојде со сопственикот на видео мрежата Рамбл Крис Павловски кој има македонско потекло а важи за дел од првиот круг на луѓе околу претседателот на САД Доналд Трамп.
,,Денеска имавме чест и задоволство да оствариме прекрасна средба со Крис Павловски и Џанкарло Девасини, двајца исклучителни луѓе со силна визија, страст и желба за позитивна трансформација.
Џанкарло, како сопственик на Tether (USDT), е еден од највлијателните луѓе во светот на криптовалутите, а неговата посветеност кон иновациите и глобалниот развој е навистина инспиративна.
Разговаравме за идеи, потенцијални соработки и заеднички иницијативи кои можат да донесат вистински промени.
Благодарни сме за нивната поддршка, визија и вербата во македонскиот потенцијал. Ваквите средби се потсетник дека со вистинските луѓе, сè е можно”, објави премиерот по средбата со Девасини и Павловски.