Кривичен му одреди притвор на првоосомничениот од проширената истрага за случајот „Адитив“
Основниот кривичен суд Скопје им определи мерка 30-дневен притвор на првоосомничениот и мерки на претпазливост на второосомничената во проширената истрага за случајот „Адитив“ за кои Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) вчера покрена постапка.
Основен кривичен суд Скопје / Фото: „360 степени“ (архива)
На третоосомничената, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, Судот вчера информира дека ѝ се определени мерки на претпазливост.
„Против Б.Н. осомничен за кривичните дела злосторничко здружување, злоупотреба на постапка за јавни набавки и перење пари и други приноси од казниво дело, му определи мерка притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т.1, 2 и 3 од ЗКП додека за Б.П.М. и Т.Д. осомничени за кривичното дело оддавање службена тајна, го прифати предлогот за определување мерки за претпазливост согласно чл. 146 ст.1 т. 3 и т. 7 од ЗКП, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова и забрана за преземање одредени работни активности поврзани со кривичното дело“ наведуваат од Кривичниот суд