Кривична пријава: Куќа на Водно на човек на Даравелски ставена на продажба за багатела

Куќата на скопско Водно што некогаш ја поседуваше црногорскиот бизнисмен Миодраг Марковиќ, познат како близок соработник на поранешниот шеф на царината Драган Даравелски, после 10 години повторно е ставена на продажба. Иако Марковиќ одлежа неколкугодишна затворска казна за перење пари, од неговиот правен тим велат дека куќата никогаш не била наведена во решенијата за привремени мерки и во судските пресуди. Затоа, тие поднеле кривична пријава за директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, кој ја огласи споменатата куќа за продажба со драстично пониска почетна цена во однос на проценката пред десетина години, и тоа во време кога во тек е судска постапка за утврдување на сопственост.

Дирекцијата за управување со одземен имот пред неколку дена објави оглас за продажба на неколку недвижности конфискувани врз основа на правосилни судски пресуди, меѓу кои влегува и луксузна вила на Водно, некогаш во сопственост на црногоскиот бизнисмен со долгогодишен престој во земјава Миодраг Марковиќ, познат како близок соработник на поранешниот шеф на македонската царина Драган Даравелски, кого македонските власти го осудија во отсуство и до ден денес бараат да биде испорачан од соседна Србија.

Според огласот објавен од Управата, за денеска е закажано разгледување на споменатата куќа на Водно, лоцирана на улицата Питу Гули бр.13, со внатрешна површина од 162 квадратни метри, плус помошни простории лоѓии, балкони и тераси на приземје со површина од 26 квадрати, помошни простории на сутерен со површина од 21 квадрати и гаража со површина од 27 квадрати. Поточно, посочениот објект се наоѓа на катастарската парцела 1676 во рамки на катастарската општина Центар 2. Според податоците од Катастарот на недвижности, објектот е со двор со површина од над 1.500 квадрати, кој не се споменува во огласот.

Повеќе на Фокус на следниот линк.

Back to top button
Close