Кривопаланечките кошаркарки поразени на домашен терен од „Бадел 1862″

На денешниот натпревар од женската кошаркарска Супер лига домаќинот, Кошаркарски клуб Крива Паланка беше поразен од досега непоразениот состав во првенството, ЖКК „Бадел 1862″ од Скопје.
На средбата од петтото коло од женската Супер лига тимот на ЖКК Бадел 1862 стигна до петтата победа, а составот на Кривопаланечкиот табор кој важи за најмлад во доигрувањето се носеше со играта на противничкиот состав во првото полувреме од натпреварот.
Разликата од единаесет поени во корист на гостинките остварена во првата четвртина, остана иста на полувремето по одигрувањето на изедначена втора четвртина од дуелот, по што Баделки дополнително го зголемија водството, за конечен резултат на крајот од мечот од 67-89.
Во составот на „Бадел 1862″ двоцифрен број поени остварија сите пет стартни играчи остварија двоцифрен број поени, а најмногу постигна Цеце Димова, вкупно 20.
Во домашниот состав ист толкав број поени постигна Алексовска, Марјановиќ 16, Петревска 13, а Ѓорѓиевска 10 поени.
КК Крива Паланка сѐуште има шанси да се пласира во плејофот, доколку во последното коло оствари победа над ЖКК „Струга 2009″ на гостински терен, а Работнички загуби на дуелот со Вардар.