Крлежите се појавија најрано досега

Топлото време на крајот од зимата доведе до тоа крлежите да се појават порано од кога било, пишува Канал 5.

Крлежите обично се најактивни од април до септември, но лекарите предуредуваат да обратите внимание доколку седите на неискосени тревни површини.

 

Крлежите се активираат кога температурата ќе достигне 4°С, па важно е да ги имате предвид следниве превентивни мерки за да избегнете каснување и да го заштитите своето здравје.

 

Ризик од Лајмска болест

Лајмската болест е бактериска инфекција која се пренесува преку убод од заразен крлеж, таа е сè почеста во светот, а причина за тоа се сè пократките зими, кои на крлежите им овозможуваат подолг период на активност, како и промената во популацијата на елените кои се примарни домаќини на крлежите.

Превенција и заштита

Д-р Џејмс Мекдоналд истакнува дека само едно каснување од заразен крлеж може да доведе до сериозно заболување и затоа препорачува да се практикуваат едноставни превентивни мерки за да се избегнат каснувања и да се заштити здравјето. Важно е да се напомене дека отстранувањето на крлежите во рок од 24 часа може значително да го намали ризикот од инфекција. Со оглед на раното појавување на крлежите оваа година, важно е јавноста да биде свесна за опасностите од Лајмската болест и да преземе соодветни мерки на претпазливост кога е во природа.

 

Отстранување на крлеж

Откако ќе забележите дека ве каснал крлеж, важно е да го отстраните што е можно поскоро. Ова можете да го направите со пинцета или специјална алатка за отстранување крлежи. Важно е да го фатите крлежот што е можно поблиску до кожата и нежно да го извлечете, внимавајќи да не ги оставите неговите делови во кожата.

 

Чистење и дезинфекција

По отстранување на крлежот, потребно е каснатото место да го исчистите со сапун и вода, а потоа да го дезинфицирате со алкохол.

 

Следете ги симптомите

По каснувањето од крлеж важно е внимателно да ја следите вашата здравствена состојба. Ако се појави црвенило, оток, треска или други невообичаени симптоми, треба да побарате лекарска помош.

повеќе

Back to top button
Close