Крос останува во Реал

Германскиот фудбалски репрезентативец Тони Крос останува и следната сезона во дресот на Реал Мадрид, пренесуваат денеска шпанските медиуми.

Триесетичетиригодишниот играч за врска и шпанскиот клуб се блиску до продолжување на договорот за уште една сезона до 2025 година.

Двете страни, според медиумите, постигнале договор и потпишувањето останува само формалност.

Крос има уште една добра сезона со Реал Мадрид и неодамна се врати во германската репрезентација со која се надева на добар настап на Европското првенство чиј домаќин ова лето ќе биде Германија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close