Крвава комшиска пресметка во Скопје: насилник расекол со нож тројца соседи, две од жртвите се жени

Нерешени имотно-правни односи меѓу соседи во Скопје вчера имале крвав расплет, кога 44-годишен скопјанец со нож ранил тројца негови соседи – маж и жена, како и друга сосетка која се обидела да ги раздели, соопшти МВР.
„На 23.09.2026 во 23:15 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Ј.(44) од Скопје. Според пријавеното, по претходна расправија, поради нерасчистени имотно-правни односи, во домот на неговиот сосед А.Ш.(38) од Скопје, со остар предмет го нападнал и им нанел повреди на А.Ш., неговата сопруга Ѓ.У. и на сосетката Д.Д., која се обидела да ги раздели. Во врска со настанот, приведен е и А.Ш. и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, пишува во полициското соопштение.






