Крвава пресметка на прослава на Ноќ на вештерките – двајца загинати и 18 ранети
Две лица загинаа, а 18 се ранети во престрелка меѓу две групи кои ја славеле Ноќта на вештерките на улица во Флорида.
Полицијата уапси еден осомничен, додека по другиот се уште се трага.Пукањето било пријавено околу 3 часот по полноќ, во неделата.
Тепачката се случила во населба каде има многу барови и клубови отворени до доцна во ноќта.
Полицијата се уште не е сигурна дали луѓето кои учествувале во пукањето биле во некој од локалите пред трагедијата.
Според очевидци, на улицата имало многу луѓе, облечени во костими за Ноќта на вештерките. Пиеле и се смееле, кога наеднаш се слушнал истрел. Биле испукани најмалку десет истрели, а луѓето панично почнале да бегаат.
Многумина барале засолниште зад металните маси кои ги турнале, а по пристигнувањето полицијата затекнала неколку луѓе како лежат ранети и крвави на земја.
„Дошло до тепачка и пресметка меѓу две групи. Во оваа тепачка на двете групи биле вклучени стотици невини луѓе кои случајно се нашле на патот“, соопштија од полицијата.
Засега не е позната состојбата на повредените.
Еден осомничен се предал на полицијата, а инспекторите веруваат дека најмалку двајца пукачи биле вмешани.
Полицијата се уште ја истражува причината за тепачката.