Кучиња до смрт искасаа новинар, неговата сопруга е во критична состојба

Српскиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ (62) починал откако го искасале улични кучиња во селото Велика Иванча кај Младеновац.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Како што пренесуваат белградските медиуми, во нападот на разбеснетата глутница била повредена и неговата сопруга Олга (58) која се обидела да му помогне.

Таа со лекари од Итната помош била пренесена во Ургентниот центар и е во тешка состојба.

Како што претходно објавија медиумите, кучињата го искасале Радосављевиќ за нозете и рацете, при што бил тешко повреден. Лекарите се обиделе со реанимација, но тој починал.

Радосављевиќ беше новинар, порано на НТВ Студио Б, како и еден од основачите на ПГ Мрежа.

Селото Велика Иванча кај Младеновац, на околу 50 километри од Белград, е познато по крвавиот масакр од 2013 година, кога вооружен жител пукаше по луѓе и уби тринаесетмина, меѓу кои и двегодишно дете.

Back to top button
Close