Kулеба: Додека бомбите паѓаат врз Харсон, војниците ги силуваат нашите жени

Дмитро Кулеба, шефот на украинската дипломатија, ги обвини руските војници кои учествуваат во инвазијата, за силување на Украинки, пренесе „Sky News“.

„Додека бомбите паѓаат врз нашиот град, додека војниците ги силуваат нашите жени во окупираните градови – за жал, имавме многу такви случаи – тешко е да се зборува за ефективноста на меѓународното право, рече тој во говорот на онлајн настанот пред лондонскиот „Chatnam House“.

Кулеба не покажа докази за најновите наводи, но во исто време еден украински информативен портал објави дека има 11 случаи на силување во Херсон, првиот и единствен поголем украински град окупиран од руските сили.

Back to top button
Close