Кулибали подготвен да jа намали платата за да остане во Наполи
Одбранбениот фудбалер на Наполи, Калиду Кулибали сака да продолжи да игра во италијанскиот тим. Триесетгодишниот Сенегалец нема намера да ги напушти Наполитанците.
Според „Кикер“ Кулибали е подготвен да прифати намалување на платата за да остане во Наполи. Тој сака да стане капитен на тимот и да ја заврши кариерата во сегашниот негов клуб.
Актуелниот договор на Кулибали истекува во јуни 2023 година. За фудбалерот се заинтересирани Барселона и Севиља.
Во сезоната 2021/22, дефанзивецот забележа 34 настапи во сите натпреварувања, постигна три гола и давајќи три асистенции.