Куман прекина прес-конференција поради крварење од носот

Тренерот на шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона, Роналд Куман, предвреме ја заврши денешната прес – конференција поради крварење од носот.

Куман одговараше на новинарски прашања пред утрешниот натпревар од 25. коло во шпанското првенство против Севиља, кога во еден момент од неговиот нос потече крв по што портпаролот на Барселона ја прекина прес – конференцијата.

Холандскиот стратег и во минатото имаше проблеми со крвавење од носот за време на прес – конференции.

-Свесен сум дека тренерската улога во Барселона секогаш носи голем притисок. Доколку не победиш или ако загубиш, виновен е тренерот. Не знам што ќе се случува, имаме време да зборуваме за иднината. Во секој случај, јас сум оптимист, изјави Куман претходно на конференцијата за новинари.

Back to top button
Close