Кумановска градежна инспекторка замижала пред неправилности, доби кривична пријава

Градежна инспекторка од Куманово доби кривична пријава за пропуст во работењето, соопшти МВР.

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Т.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”. Пријавената, работејќи како службено лице – овластен градежен инспектор во Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат при општина Куманово, при вршење на инспекциски надзор по пријава за узурпација на државен имот, пропуштила да донесе должен правен акт и несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања, се вели во полициското соопштение.

Back to top button
Close