Нa полноќ истекува рокот за приговори за претседателските избори

До денеска до 19 часот истекува рокот за поднесување на приговори за постапката на гласање, а до полноќ рокот за приговори што се однесуваат на сумирањето на резултатите по што ДИК треба да донесе одлука во рок од 72 часа.

Во вториот круг од претседателските избори, што ќе се одржат на 8 мај заедно со парламентарните избори, одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ кои освоија најмногу гласови според првичните официјални резултати на Државната изборна комисија. Во тек се роковите за приговори до ДИК, кои можат да ги поднесат кандидатите за постапката на гласање и за сумирањето на резултатите.

До денеска до 19 часот истекува рокот за поднесување на приговори за постапката на гласање, а до полноќ рокот за приговори што се однесуваат на сумирањето на резултатите по што ДИК треба да донесе одлука во рок од 72 часа.

Како што вчера појасни претседателот на ДИК Александар Даштевски, кандидатите доколку не се задоволни од одлуката на ДИК, имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.
Гласањето на трите избирачки места во кумановско каде имаше прекин повеќе од три часа нема да се повтори бидејќи тоа, како што објаснија од ДИК, не влијае на конечните резултати, а ќе бидат разрешени и избирачките одбори на овие избирачки места. Исто така ДИК ја задолжи и правната служба да утврди дали има основи за одговорност на избирачките одбори.

На изборите на 8 мај во избирачките одбори ќе има по 7 члена наместо сегашните пет со цел подобра ефикасност во организацијата на работа, избегнување гужви на гласачкото место и избегнување на можноста од евентуални грешки.

Back to top button
Close