Кумановски полицаец обвинет за примање поткуп за да не казни непрописно паркиран возач

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полициски службеник од Куманово со иницијали Р.С. за сторено кривично дело „примање поткуп“.
Случајот се однесува на настан од 27.02.2026, кога при вршење на службени дејствија со специјалното возило „пајак“, Р.С. побарал и примил поткуп од лице од Куманово за да не изготви записник за сообраќаен прекршок поради непрописно паркирано возило. На тој начин, пријавеното лице не било казнето за констатираниот прекршок.
Одделот за внатрешна контрола поднесе и предлог за поведување на дисциплинска постапка против Р.С., вклучувајќи отстранување од работното место.






