Квадрат во Струга како во Скопје – драстичен раст на цената на становите на охридското крајбрежје

Станбениот квадрат во Струга е поскапен за околу 20 отсто, а становите во строгиот центар покрај Дрим и на самиот брег од Охридското Езеро достигнуваат до 1.300 евра за квадрат, пишува СДК.мк.

Според Агенциите за недвижности, причината за поскапувањето е постојаниот раст на цената на градежните материјал,и но и тоа што градењето во градот е намалено, па побарувачката е поголема од понудата.

„Во Струга има стари станови и нивната минимална цена е 500 евра по метар квадратен, а спопред локацијата, состојбата на станот може да биде и 700, додека новите станови имаат повисока цена која достигнува до 1.300 евра. Цените варираат зависно од локацијата и квалитетот на градбата“, вели агентот за недвижности Инајет Положани.

Тој додава вели дека и покрај порастот на цената, купувачи има, а најзаинтересирани се иселениците.

„Бројот на печалбарите секојдневно расте и тие се големи купувачи, но има и такви кои живеат тука. Банките даваат поволни услови и помагаат да има продажба на станови“, додава Положани.

Драстично зголемување на цената на становите минатата година имаше и во Охрид. Метар квадратен во централното градско јадро и на самото крајбрежје чини од 1.300 до 1.500 евра, а некои станови на најатрактивните локации се продаваат и за над 2000 евра за метар квадратен.

Back to top button
Close