Лајен: ЕУ ќе ги намали емисиите на штетни гасови во транспортот и градежништвото

Европа ќе примени трговија со дозволи за емисии кои се користат за контрола на загадувањето во градежниот и транспортниот сектор, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на онлајн самитот на светските лидери за климатски промени.
– Ќе направиме трговијата со дозволи за емисии на гасови да функционира не само за производство на енергија и во индустријата, туку и за транспорт и при изградба на згради, изјави Фон дер Лајан на онлајн самитот за климатски промени, чиј домаќин е американската Влада.
Во пресрет на денешниот самит, администрацијата на Бајден се обврза дека до 2030 година ќе ги намали емисиите на стакленички гасови за 50 до 52 проценти во однос на нивото од 2005 година, изразувајќи надеж дека тоа ќе ги охрабри другите земји со високи емисии да ги зголемат целите за сузбивање на климатските промени.






