Ла Лига со критики за Винисиус

Раководството на шпанската фудбалска Ла Лига упати жалба до Реал Мадрид за однесувањето на напаѓачот на клубот Винисиус Жуниор.

Претходно, Бразилецот на својата страница на социјалните мрежи објави фотографија на која во својот дом во Мадрид го следи натпреварот од 5. коло од генералната фаза на Лигата на шампионите, Ливерпул – Реал (2:0). Играчот не отпатува со екипата поради повреда.

На фотографијата на Винисиус на ТВ екранот е видливо логото на бразилскиот телевизиски канал ТНТ Спортс, додека главен преносител на шпанското првенство е „Мовистар“.

– За време на натпреварот, Винисиус објави фотографија на која го гледа натпреварот, а на неговиот екран може да се види логото на „ТНТ Спортс“. Ова не е ништо повеќе од пиратерија. Кога сте во Шпанија, мора да ги гледате натпреварите од Лигата на шампионите на „Мовистар“, се вели во изјавата на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Винисиус се повреди на 24 ноември во 14. коло од шпанското првенство против Леганес (3:0) и ќе пропушти околу еден месец.

Оваа сезона 24-годишниотфудбалер има 18 натпревари, 12 гола и пет асистенции за клубот во сите натпреварувања.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close