Ламалари по апсењето на криминалците од „Беланоца“: Криминалот е послаб пред заеднички фронт на агенциите дома и во странство

Албанскиот министер за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, денеска им честиташе на припадниците на албанската полиција и нивните македонски колеги и на американските партнери на Дипломатската безбедносна служба (ДСС) за успешно реализираната акција, во која беа уапсени двајца припадници на организираната криминална група „Беланоца“, барани од македонските власти.

-Криминалот е послаб пред обединет фронт на агенции во земјата и странство и граѓани кои се дистанцираат и пријавуваат секоја незаконитост или опасно лице кое се обидува да профитира на нивна сметка и на штета на владеењето на правото, рече тој.

Додаде дека во меѓународната полициска операција, вчера, беа лишени од слобода М.Џ.(26), роден во Скопје и С.Н.(34), роден во Норвешка, за кои Интерпол имаше издадено меѓународни потерници за сторени кривични дела „убиство”, „убиство во обид”, „тешка телесна повреда”, „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи” и „злосторничко здружување”.

Back to top button
Close