Латас ме обвини дека на прием во Букурешт сум се степал, на суд ќе требе да признае кој му ја кажал таа лага. Екс амбасадорот Жерновски убеден дека тоа го смислил министерот Муцунски
Рацин-Бевте повикани откако беше покрената дисциплинска постапка, колку што се сеќавам, заради наводно некое учество во некој инцидент на јавен дипломатски прием во Романија, што од ваша страна беше категорично демантирано, но тоа не го попречи Министерството да ве повика и потоа да ја спроведе оваа постапка.
Со моето име и со името на амбасадорот Фрчкоски се лицитираше уште за време на изборите. Така што тука се гледа која беше концептот на на ВМРО-ДПМНЕ доколку дојде на власт. Кај мене се случи да се бараше по секоја цена некаква причина и преку „Вечер“, намерно велам преку „Вечер“, кажувам кој медиум затоа што ги дадов на суд, судскиот процес веќе започна. Јас ќе видам Латас кога и дали ќе се појави. Беше објавено дека причината за која што ме повикуваат на консултации е тоа што јас сум се степал физички на некој прием, каде што била присутна министерката за надворешни работи на Романија и која што нели, наводно, веднаш целата уплашена го информира нашиот министер за надворешни работи, што е апсолутно невистина.
Јас не велам дека немам мани, меѓутоа да се степам на на прием… Така да од тука видов веднаш која е идејата нивна. Го прашав министерот при тие консултации од кого е ова. Јас знам дека е од него, нема тука претпоставувам, не гледам кој друг би можел тоа да го направи. Што е најинтересно јас од одговорот на „Вечер“, бидејќи таква е судската процедура, пишува дека информацијата е добиена од МНР, што нормално ќе послужи за понатаму. И не беше демантирано дека тоа се измислици и така натаму. Потоа се влезе во во друг процес, меѓутоа беше прашање на време кога ќе се случи ова. Тоа што е проблем е што консултациите според законот треба да траат и може да траат само 60 дена, при што амбасадорот се известува или останува тука и се покренува постапка за промена негова или се враќа во земјата на прием, односно во Романија.
Јас наместо 60 дена, шест месеци без задржан во нашата земја, што зборува за карактерот на министерот, карактерот на дипломатијата, карактерот на ВМРО-ДПМНЕ и така натаму. Од друга страна, да не беше тоа, немаше сега седиме овде.
Целото интервју со екс амбасадорот Андреј Жерновски на РАЦИН.МК